Владе Дивац ја загуби работата како генерален менаџер на Сакраменто Кингс, а многумина како главна причина покрај слабите резултати на клубот го наметнуваат и неговиот коментар за еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата Лука Дончиќ.
Непосредно по драфтот во 2018 година кога Кингс имаа шанси да го доведат Дончиќ во Сакраменто, тој изјави дека лесен избор за нив било драфтувањето на Марвин Бегли бидејќи е тој далеку подобар кошаркар од Словенецот.
Во меѓувреме Лука стана еден од најдобрите кошаркари во лигата, додека Бегли одигра само 75 натпревари, во кои на само 10 беше стартер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА