Што говореше Мурињо за Јунајтед: Погба е вирус, Марсијал мрзелив, а Рашфорд не може да биде прв напаѓач

Жозе Мурињо долго беше критикуван поради слабите игри на Манчестер Јунајтед, а кога си замина од клубот Португалецот јавно проговори против дел од фудбалерите.

Прв на неговата листа се најде Пол Погба, францускиот ас со кого „специјалниот“ беше во војна и често го оставаше на клупата.

„Погба е вирус, тој не е тимски играч“, кажа Мурињо, па се надоврза со оценка на уште неколку првотимци на „црвените ѓаволи“: Марсијал е мрзелив и треба да го напушти клубот. Рашфорд не може да биде прв напаѓач на Манчестер Јунајтед. Лук Шо не ја користи главата кога игра“.

Тогаш Мурињо жестоко беше критикуван поради ваквите напади на фудбалерите на Јунајтед, но од денешна перспектива станува јасно дека Португалецот бил во право. Марсијал од година во година играше се помалку, минатата сезона беше пратен на позајмица во Севилја, но ниту таму не импресионираше. Рашфорд речиси и да не доби шанса кај Рангник и се наоѓа на излезна врата од клубот на една година пред истекот од договорот, додека Тен Хаг сериозно размислува за доведување на нов лев бек поради неконстантноста во формата на Шо.

Се вчитува...