Што говореше Роналдо во 2015: Сакам да се пензионирам во голем клуб, а не во Катар, САД…

Кристијано Роналдо во 2015 беше гостин во шоуто на Џонатан Рос, тогаш говореше дека САД, Катар и Дубаи не се дестинација за него, но очигледно 200 милиони евра годишно тешко се одбиваат.

Кристијано Роналдо синоќа беше промовиран како нов фудбалер на Ал Наср. Самиот тој пред 7-8 години велеше дека не размислува за пензија во земји како САД, Катар или Дубаи, но очигледно тогаш не му паѓало на памет дека може да заработува 200 милиони евра годишно, сума која тешко се одбива.

„Сакам да финиширам на топ ниво, сакам да финиширам достоинствено, во добар клуб. Не велам дека преселба во САД, Катар или Дубаи не е добро, но јас не се гледам себеси во овие земји“, изјави тогаш Роналдо.

Се вчитува...