Што им се случува на Французите во Загреб!? Хрватска имаше и +9 по само 20 минути игра!

Неверојатно прво полувреме во првото полуфинале на Светското првенство 2025. Селекцијата на Франција минува низ вистински дебакл во Загреб откако по првото полувреме има негатива од 11-18 против Хрватска во првата полуфинална пресметка на ракометниот Мундијал.

Хрватите играаат како во транс, по 20 минути игра во првиот дел имаа и предност од +9 гола од 8-17, што апсолутно е изненадувачки ако се знае дека Французите, заедно со Данска, важат и за главни фаворити за освојување на светската шампионска титула.

Крилото Јелиниќ е одличен во првиот дел со пет гола а Матео Мараш има четири гола. Одличен на голот е Кузмановиќ.

Се вчитува...