Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса на крајот на сезоната заминува од Реал Мадрид како слободен играч и има отворени опции каде да ја продолжи кариерата. Најголем интерес за негов ангажман изразуваат двајца АБА-лигаши, Партизан и Дубаи со тоа што понудите на двата тима драстично се разликуваат.
Партизан и Муса не ја кријат меѓусебната љубов, но дали таа ќе биде доволна да се одолее на пребогатата понуда од Дубаи? И понудата на српскиот тим не е воопшто наивна, Партизан му нуди двојно подобар договор од тој за продолжување на соработката во Реал Мадрид, но таа понуда не е ни блиску до десетте милиони евра за три сезони од Дубаи.
Муса кариерата ја започна во Цедевита во 2015 година, а три години подоцна беше и драфтуван во НБА лигата од страна на Бруклин. Во САД не успеа да се наметне па преку Анадолу Ефес и Бреогран се врати назад во Европа. Во Реал Мадрид е од 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

