Денеска ќе се играат полуфиналните натпревари од фајнал-фор турнирот во кошаркарската Евролига во кои двојките се Фенербахче – Анадолу Ефес и Реал Мадрид – ЦСКА Москва. На официјалната прес-конференција воочи дуелите, тренерите на четирите учесници беа запрашани што ќе направат доколку ја освојат Евролигата.
Најинтересен одговор имаше тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман кој изјави дека неговите кошаркари ќе добијат патување на Ибица доколку успеат да се качат на тронот на Европа. Легендарниот Жељко Обрадовиќ кој по 18. пат води клуб на Ф4 турнирот, вели дека за тоа ќе размислува подоцна, бидејќи е важно да се оди чекор по чекор. Тренерот на актуелниот Европски шампион Пабло Ласо одбраната на трофејот ќе ја прослави со своето семејство, додека пак Димитрис Итудис кој е на чело на ЦСКА Москва по мечот нема да слави долго, туку веднаш мислите ќе ги насочи кон следниот тренинг.
Полуфиналната програма ќе ја отвори турското дерби меѓу Фенербахче и Анадолу Ефес кое е закажано за 18 частот, додека мечот меѓу Реал Мадрид и ЦСКА Москва ќе почне во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА