Како што пишува англиски „Мирор“, тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, потврдил дека судбината на капитенот Бруно Фернандеш ќе биде решена на крајот од сезоната.
Додека шпекулациите продолжуваат дали Португалецот ќе остане на „Олд Трафорд“, Карик вели дека се ќе биде решено на време.
Според последните информации, Јунајтед ќе мора да го убеди Фернандеш со нов договор вреден 472.000 евра неделно за да остане.
„Сакаме да бидеме успешни и тоа е нешто на што мора да работиме заедно. Бруно е фантастичен откако сум тука. Тој беше фантастичен и кога бев тука претходно, па можам да кажам само добри работи за него. Бруно е целосно посветен. Нема апсолутно никаков проблем со него. Работите околу продолжувањето на договорот ќе ги решиме кон крајот на сезоната или што и да е. Но, сега во моментов сè е позитивно“ – вели Карик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

