Што ли ќе му значи? Модриќ е ЕВРО рекордер

Лука Модриќ стрелаше на натпреварот помеѓу Хрватска и Италија, но неговата репрезентација сепак не успеа да стигне до трите бода кои ќе и донесеа место во нокаут-фазата на Европското првенство.

Асот на Реал Мадрид од петерецеот го совлада Донарума во 55. минута, но Италија изедначи преку херојот Матија Закањи во осмата минута од судиското продолжение на голема радост на Италијанците.

Овој гол на Модриќ му донесе и ЕВРО рекорд. Со 38 години и 289 денови тој сега е најстариот стрелец на едно Европско првенство надминувајќи го доскорешниот рекорд на Австриецот со хрватско потекло, Ивица Вастиќ.

Модриќ е нов рекордер, но за Хрватска да се најде во разигрувањето за титула на шампионатот на стариот континент потребно е чудо.

Се вчитува...