Најпознатиот светски менаџер, Мино Раиола ја загуби животната битка на 54-годишна возраст останувајќи запаметен како еден од најголемите во својата работа во фудбалската сфера.
Ќе остане запаметен и како контроверзен агент кој во заштита на своите бројни ѕвезди често влегуваше во конфликт со клубовите и тренерите.
Славниот Италијанец ќе остане запаметен како човек без „влакна на јазикот’ често критикувајќи ги сите оние со кои имаше спротиставено мислење. Негови најпознати конфликти ќе останат запаметени оние со Пеп Гвардиола, Алекс Фергусон и Јирген Клоп.
Раиола го „зеде на заб“ Гвардиола пред повеќе од десет година кога неговиот омилен клиент Златан Ибрахимовиќ играше за Барселона.
„Пеп како тренер е фантастичен, но како личност е апсолутна нула. Тој е кукавица, џукела…“ – рече Раиола пред неколку години.
Отровни стрели упати и кон Клоп поради начинот на кој Германецот се однесувал со Марио Балотели на почетокот од својот мандат на клупата на Ливерпул.
„На крајот на краиштата, раководството на Ливерпул призна дека Клоп беше неправеден. Нема да го осудувам како тренер затоа што е одличен тактичар, но разговараме за него како личност. Марио беше за пример, никогаш не се жалеше што мора сам да тренира. Се знае дека Клоп беше неправеден, беше го.но“ – зборуваше Раиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА