Реал Мадрид во трилер-завршница триумфираше над Басконија, но „кралевите“ за оваа победа треба да му бидат вечно благодарни на Ник Стаускас. Канадскиот интернационалец сигурно ни самиот не знае што стори, правејќи ја најнеинтелигентната лична грешка во историјата на Евролигата.
Резултатот гласеше 69-67 за Реал, а Басконија го искористи последниот напад и успеа да израмни. „Кралевите“ немаа тајмаут и мораа да тргнат од под својот кош со само неколку секунди на семафорот, но тогаш Стаускас влета директно во Кампацо, правејќи „тактички прекршок“.
На гостите не им се веруваше што се случува, тренерот Ивановиќ не можеше да го скрие бесот, па Басконија го загуби мечот во кој имаше обезбедено продолженија заради лудоста на кошаркарот од Канада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА