Селекторот Тите сигурно уште долго ќе го прогонува денешниот неуспех и елиминацијата од Хрватска, но бразилскиот кормилар сигурно и самиот е виновен за фијаското, пред се кога станува збор за изборот на играчи во пенал-рулетот.
Нејмар вообичаено е прв пенал-мајстор, но тој не дојде на ред бидејќи Родриго и Маркињос не беа прецизни во нивните обиди. Особено неверојатно делува изборот Маркињос да шутира од белата точка, ако се знае дека одличниот дефанзивец во текот на целата своја кариера (Коринтијанс, Рома и ПСЖ) на клупски и на репрезентативен план нема изведено ниту еден пенал на официјален натпревар.
Маркињос презеде одговорност, но падна под притисокот и биеше само во дирекот, што значеше и елиминација на Бразил од СП 2022.
Интересно, неговиот партнер во одбраната, искусниот Тијаго Силва, во кариерата има изведено 12 пенали, со стопроцентна успешност во реализацијата. Но, Тите и неговиот стручен штаб го ибраа Маркињос…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА