Што му рекол Клоп на Алисон по мечот со Сити?

Манчестер Сити го доби дерби дуелот против Ливерпул со убедливи 4-1, натпревар кој го одлучија грешките на голманот на „црвените“, Алисон Бекер. Бразилскиот интернационалец не беше на врвот на својата задача, „поклони“ два гола, додека лошо реагираше и на последниот гол на Фоден.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по натпреварот застана во одбрана на својот голман, а потоа откри и што му порачал на 28-годишниот фудбалер.

„Разговарав со Алисон и секако дека е разочаран. Говореше како му е жал за тоа што се случи на овој натпревар. Му кажав дека тоа е проблем со грешки, не можеме да одлучиме кога ќе се случи тоа, можеме само да учиме од нив. Алисон ќе извучи поука и ќе се потруди вакво нешто да не се случи повторно. Во овој натпревар тоа пресуди, но добро. Он е врвен голман, не има извлечено од грешки многупати“ – изјави германскиот стратег.

 

 

Се вчитува...