„Што му треба најмногу на Новак? За мене тоа е…“

Новак Ѓоковиќ не се прослави во 2024 година кога станува збор за грен-слем турнирите, но годината ја збогати со најпрестижниот медал во својата богата колекција, овој од Летните олимписки игри во Париз освоен за Србија.

Во 2024 година српскиот тенисер се одлучи и за промена на тренерската позиција, ангажирајќи го Енди Мареј, некогашниот голем ривал што наиде на полемика во јавноста дали овие двајца се компатибилни.

На оваа тема сега говореше Патрик Муратоглу според кој единствено нешто што му недостасува на Ѓоковиќ е мотивација, а таа може да ја добие од Мареј.

„Луѓето од тенискиот свет често ме прашуваат дали мислам дека идејата за ангажирање на Мари беше добра или не. Она што се прашувам е следново – што му треба најмногу на Новак? За мене тоа е мотивација. Бидејќи му беше јасно дека се е готово што се однесува до Надал и тоа на почетокот на 2024 година, не успеа да најде нова мотивација. Новак не го загуби нивото за два месеци, тоа е невозможно. Мотивацијата му пропаѓаше бидејќи сфати дека ја доби битката со Рожер и Рафа.

На крајот единствен турнир за него беше Олимпискиот, каде имаше мотив да го освои златото. Треба да има мотив, тој емотивен тригер што го тера да освои се, бидејќи така работеше од почетокот на кариерата“, вели Муратоглу.

Се вчитува...