Што погреши Русија и што ќе прават илјадниците чесни спортисти од оваа земја

РУСАДА – Руската-анти допинг ангеција која по неколкугодишна голгота доби дозвола за работа повторно направи кардинална грешка. Реши да предаде изменити примероци во последната инскпеција од ВАДА во јануари оваа година, а која се оденсуваше за периодот од 2012 до 2015 година. Казната дојде денеска. Четиригодишна супензија за целиот руски спорт.

„За да спаси околу 150 спортисти, најголемиот дел од нив не се ниту суперѕвезди, а голем дел се и пензионирани, РУСАДА предаде изменети примероци од московската лабораторија и ја запечати судбината на илјадници спортисти од земјава. Хистеричните обиди на ВАДА да се справи со рускиот допинг се смешни и не го решаваат проблемот со допингот на глобално ниво. Но, сега Русија мора да реагира без емоции. Да реши дали сака да и служи на ВАДА или сака вистински да го реши проблемот со допингот во своите редови“ – ова е анализата на Олег Шамонаев, уредникот на рускиот Спортекспрес.

Одлуката е поразителна за рускиот спорт. Спортистите од оваа земја ќе мораат да докажуваат дека се чисти од допинг за да добијат право на учество на големите спортски настани. Ова веќе се случуваше на големите атлетски собири како и на Зимските олимписки игри во Пјонг Чанг. Руската фудбалска репрезентација ќе може да настапува на Светското првенство во Катар, но не под своето знаме и не со интонирање на химната. Секоја репрезентативец има право да одбие настап во вакви услови.

Учеството на Европското фудбалско првенство следното лето на кое Русија е дел од организаторите не е загрозено бидејќи УЕФА не е потписничка на протоколот на ВАДА. Тоа го има направено ФИФА, но не и УЕФА која практично не е „кровна“ организација. Затоа Санкт Петерсбург би требало и да го задржи домаќинството на финалето од Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...