Барселона имаше судиска помош, тоа е факт, но Марко Верати апсолутно беше во право кога изјави дека ПСЖ мора вината за елиминацијата да ја бара во сопствените редови. Францускиот првак кој делуваше така импресивно на првиот натпревар, синоќа одигра под секое ниво, пренаивно препуштајќи му ја играта на противникот и примајќи два смешни гола во првото полувреме.
Најдобар доказ за индиспонираноста на гостинскиот тим е фактот дека голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген, во 90-те минути игра имал повеќе успешни додавања отколку фудбалерите на ПСЖ. Германскиот чувар на мрежата 28 пати успешно ги проиграл соиграчите (имал само четири неуспешни обиди), што е за два повеќе од Марко Верати и Маркињос, кои со 26 додавања се на врвот на оваа категорија кај францускиот првак.
Само за споредба, најмногу додавања кај Барселона имаа Маскерано и Пике, по 72, пред Серхио Бускетс со 67 успешни додавања до соиграчите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА