„Што прави Боели: Мистерија на векот – да потрошиш 600 милиони евра, а да не купиш играч што ќе даде гол“

Тод Боели е тема на потсмев во фудбалската јавност, а се погласни се оние кои отворено го критикуваат американскиот милијардер дека нема никаква врска со фудбалот.

Новиот газда на Челси потроши над 500 милиони фунти од доаѓањето на чело на клубот на местото на Роман Абрамович, но Боели не само што не ги донесе посакуваните резултати туку „сините“ ја играат најкатастрофалната сезона во последните триестина години.

Легендарниот англиски напаѓач, Мајкл Овен, отворено го критикуваше првиот човек на Челси за транфер-стратегијата, да потроши богатство за одбранбени фудбалери и играчи за врска, а да не донесе класичен голгетер во тимот.

„За мене ќе остане најголема мистерија на сите времиња што мислеше Боели, како можеш да потрошиш 500 милиони фунти и да не донесеш играч кој ќе ти ги засили голгетерските способности во екипата. Ерлинг Халанд самиот има дадено повеќе погодоци од целиот тим на Челси, што е срамота за овој клуб. Неверојатно е на толку потрошени пари, да немате играч кој редовно ќе ги тресе противничките мрежи. Го видовме тоа повторно и на реваншот со Реал, беа толку безопасни во шснаесетникот, едноставно знаете дека нема кој да даде гол во овој тим“, истакна Мајкл Овен.

Се вчитува...