Што пресуди!? – Зошто Меси го одбра најслабиот клуб во МЛС-лигата!?

Интер Мајами, тимот на Дејвид Бекам, е последнопласиран во МЛС лигата во САД. Но, кого тоа го интересира кога доаѓа Лионел Меси во тимот.

Доаѓа Аргентинецот и единствено тоа е важно за клубот кој е основан во 2018 година а од 2020 година се натпреварува во МЛС-лигата. Меси за првпат ќе заигра за тим од кого се постари сите три негови сина.

Американците не се луди за фудбалот како Европјаните, но се се „полуди“, а Флорида и Мајами во таа смисла се поинаква средина, поднебје преполно со Латиноамериканци поради што интересот за фудбалот е на се повисоко ниво.

Фудбалот во САД, во секој случај, со години е во галопирачка експанзија. Потврда за тоа е што САД повторно, во 2026 година, ја доби организацијата на Светското првенство, па во лигата во континуитет се носат големи имиња на фудбалот. Сега тука ќе биде и најдобриот – Лионел Меси!

Парите, секако, и во оваа операција беа пресудниот фактор, иако во случајот на Меси и некои други фактори пресудија да заврши во „сончевата држава“, освен финансиите. Да беа само парите, сега ќе беше во земјата каде се Роналдо и Бензема, но се одлучи да оди во друга насока.

На крајот на краиштата, пресудна за одлуката можеби беше и фактот дека во Мајами се чувствува како дома. Во тој град има и недвижности, голем апартман во кој секогаш знаел да ужива, па кога веќе го има тоа знае да го искористи. А, влијаеше секако и желбата на неговата сопруга да живее во тој град.

Како и да е, во Интер Мајами со нетрпение го чекаат затоа што се во длабока резултатска криза. Но неговото деби за новиот  клуб сигурно нема да биде пред јули.

Се вчитува...