Што промаши Клајверт… Ливерпул имаше многу среќа (видео)

Мохамед Салах со два гола му донесе три бода на Ливерпул на тешкото гостување против Борнмут, но исходот можеше да биде сосема поинаков ако Џастин Клајверт ја реализираше стопроцентната шанса што домаќините ја имаа при резултат 0-1.

Таверние биеше мајсторски од дваесетина метри, топката крај немоќниот Алисон се одби од дирекот и дојде до Клајверт, додека гостинскиот голман се уште беше на земја. Најдобриот стрелец на Борнмут се чини немаше тешка задача да реализира, но Клајверт се посрамоти шутирајќи крајно непрецизно.

Големото промашување на холандскиот интернационалец од редовите на Борнмут можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...