Македонија го загуби квалифацискиот натпревар против Шпанија (1-2) во Скопје, и прикажа две сосема спротивни лица. Бледои исплашено во првиот дел, кога Шпанија комплетно доминираше и постигна два гола, и второ, позитивно, храбро и одважно, кога покажа дека може да се надигрува и против една од најмоќните светски селекции.
Прашањето од ЕКИПА за селекторот беше, што им кажа на фудбалерите на полувремето, за да го променат својот пристап.
„Бев многу нервозен и единствено што им реков беше…многу ме нервира кога мојот тим се плаши да игра фудбал. Во вториот дел бевме многу подобри, презадоволен сум од изданието на младиот Елмас, кој на своето деби одигра одлично, против една од најсилните светски репрезентации. Сепак, не можеме да бидеме задоволни, затоа што го загубивме мечот“, констатира селекторот Игор Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА