Легендарниот Франческо Тоти потврди дека в недела натпреварот против Џенова ќе биде негов последен во дресот на Рома. 40-годишниот ветеран одигра 785 натпревари во овие 25 сезони за „волчицата“, а интересно е што се се случуваше во светот за овој четврт век, додека Тоти ја предводеше Рома во Италија и во Европа.
Во Соединетите Американски Држави се сменија пет претседатели: Џорџ Буш сениор, Бил Клинтон, Џорџ Буш јуниор, Барак Обама и Доналд Трамп.
Палермо вработи и отпушти 55 тренери, вклучувајќи ги четирите ангажмани на Франческо Гвидолин, како и ангажманот на Џанпјеро Гасперини во два наврати.
Нелсон Мандела беше ослободен од затвор, назначен за претседател на Јужноафриканската Република, доби Нобелова награда за мир и почина.
Се одиграа седум Светски првенства во фудбал, а Тоти може да се пофали како освојувач на шампионската титула со Италија во 2006 година. Останатите победници се Западна Германија, Франција, Бразил, Шпанија и Германија.
Кога се роди Џанлуиџи Донарума, Тоти веќе ја играше својата шеста сезона во Серија А, постигнувајќи 12 гола во сезоната 1998/99.
Тоти е „принцот на Рим“, а од 1989 година, бил сведок на тројца поглавари на Ватикан: Јован Павле Втори, Бенедикт Шеснаесетти и Франциско.
Дури 32% од фудбалерите кои настапија оваа сезона во Серија А, не биле родени кога Тоти дебитирал за сениорскиот тим на Рома.
Кога Тоти беше дел од младинскиот тим на Рома, во сезоната 1989/90, Наполи го освои ‘скудетото’, банкротира, испадна во Третата италијанска лига, се врати во елитата и заигра во Лигата на шампионите.
Откако Тоти дебитираше за Рома, Италија смени 15 премиери. Силвио Берлускони во три различни мандати беше шеф на италијанската влада.
Тоти играл за Рома во време на две апокалипси кои беа означени во култниот филм „Терминатор“, а од неговото деби, филмската франшиза „Паркот Јура“ годинава ќе го пушти петтото продолжение.
Познато е дека Тоти и Роџер Федерер се блиски пријатели. Италијанецот го освои ‘скудетото’ две години пред Федерер да го освои својот прв гранслем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА