Што се случи? Роналдо стартер…, Јунајтед демолиран уште во првите 11 минути од Астон Вила (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед доживеа неочекувано лесен пораз од Астон Вила во 14. коло од Премиерлигата. Унаи Емери, пак, дебитираше на најдобар можен начин на клупата на Астон Вила.

„Црвените ѓаволи“ загубија со 3-1 во натпревар кој беше решен веќе во првите 11 минути од средбата кога домашните поведоа со 2-0.

Најпрво, Бејли во 7. минута донесе водство од 1-0 за Астон Вила, а потоа Французинот Лукас Диње зголеми на 2-0.

Рамзи со автогол во 45. минута им помогна на гостите да намалат на 2-1, но истиот фудбалер потоа во 49. минута ги постави конечните 3-1 за победа на Астон Вила.

Се вчитува...