Црвена Звезда си ги сведе на теорија шансите за Топ 8 во Евролигата откако шампионот на АБА-лигата загуби на гостувањето против Панатинаикос со 75-66. Поразот е уште пошокантен ако се знае дека „црвено-белите“ имаа целосно доминација на теренот во првите 25 минути, но потоа дојде до огромен пак во нивната игра, што ПАО го искористи за со голем пресврт да стигне до пбоедата.
Имено, Црвена Звезда уште во првата четвртина поведе со двоцифрено водство од 7-17, завршувајќи ги првите десет минути со прдност од 7-19. „Црвено-белите“ во 25. минута имаа одлични „плус шеснаесет“ (37-53), но тогаш дојде до огромен пад во играта на тимот предводен од Душко Ивановиќ. Одбраната повеќе не функционираше, а нападот целосно затаи, па само десет минути подоцна Панатинаикос со серија од 30-5 стигна до одлично водство од 67-58. Ивановиќ го заборави на клупата Недовиќ, давајќи му шанса на Кампацо кој беше катастрофален, па „црвено-белите“ не успеаја да се вратат и го загубија овој натпревар со резултат 75-66.
Центарот Папајанис постигна 17 поени, Дерик Вилијамс реализираше 13, додека кај „црвено-белите“ најефикасни беа Недовиќ и Петрушев со по 12 поени. Целосно потфрлија Аргентинците, Вилдоза постигна скромни седум поени, додека Кампацо остана со „нула“ зад своето име кгоа станува збор за поените, со четири асистенции и исто толку загубени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА