Што се случи со Вардар: Цели 16 минути без даден гол и пораз од Војводина

Вториот ден од регионалниот турнир „Скопје 2025“ имаше возбудлива завршница, откако Вардар во драматичен финиш загуби од тимот на Војводина со 27-28. Минималниот пораз е уште пошокантен ако се знае дека „црвено-црните“ околу  45 минути имаа целосна контрола над играта и над резултатот.

Во 44. минута резултатот на семафорот гласеше 27-20, но „вардарци“ цели 16 минути до самиот крај не успеаја да постигнат ниту еден гол, за што беа казнети од гостинот од Србија. „Црвено-црните“ го имаа последниот напад без преголема идеја, на крајот не успеаја ни да упатат шут, по што Војводина ги казни, за десет секунди реализираше и стигна до победата.

Вардар во третото коло ќе се сретне со македонскиот првак Е. Пелистер, кој денеска рутински славеше на дуелот со црногорски Ловќен со 37-27.

На женскиот дел од овој регионален турнир, ЖРК Ѓорче Петров по голема борба загуби од српски Бор со 28-30, додека Металург Автокоманда очекувано беше поразен од фаворитот Будуќност со 23-32.

Се вчитува...