Манчестер Сити попладнево гостува кај Лутон, а сите се чудат зошто Пеп Гвардиола се реши да не игра со Ерлинг Халанд. Одличниот Норвежанец го нема ниту на клупата за резерви, а немаше најави дека се жали на некој повреда пред мечот.
Најверојатната причина е тоа што Пеп Гвардиола сака да го одмори пред некои други потешки натпревари, сметајќи дека дуелот со Лутон ќе биде лесно добиен.
Голема е веројатноста Халанд да не отпатува со екипата во Белград, на последниот меч во ЛШ, па одморен потоа да го чека натпреварот проти Кристал Палас, а потоа и учеството вo клупското светско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА