Жоао Кансело го напушти Манчестер Сити откако го загуби првотимскиот статус кај Пеп Гвардиола, a Баерн Минхен делуваше како идеален тим за тоа да се реализира ако се знае дека баварците не беа најзадоволни од Павар и бараа нов десен бек на пазарот.
Преселбата од соништата набрзо се претвори во кошмар за Кансело, кој по само неколку одиграни меча беше преселен на клупата за резерви и кај Баерн. Нагелсман дури и му даде шанса на младиот Станишиќ пред него на клучниот меч од ЛШ против ПСЖ, а мизеријата на Кансело продолжи и со доаѓањето на Тухел.
Баерн на вчерашното дерби го декласираше тимот на Борусија Дортмунд, но Кансело не беше стартер ниту на овој натпревар. Директорот Салихамиџиќ во изјавата по мечот напомена дека тоа била тренерска одлука и дека Португалецот сигурно ќе добие шанса да ги покаже своите квалитети, но веќе станува јасно дека Баерн нема намера да плати целосен откуп за неговиот договор со Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

