Што се случува со македонската кошарка: Судиите се закануваат со штрајк, немаат земено пари уште од почетокот на годинава

Крајно турбулентна е ситуацијата во македонската кошарка токму во периодот во кој треба да се решава за борбата за шампионската титула. Незадоволните клубови веќе поднесоа иницијатива за смена на претседателот Антиќ, а гласот денеска го кренаа и судиите, кои испратија допис  до федерацијата барајќи ги парите што им се должат.

Писмото е доставено до Управниот Одбор на КФСМ, а во него судиите бараат да им се покријат парите што федерацијата треба да им ги исплати. Станува збор за значителна сума, ако се знае дека официјалните лица немаат добиено уплати за натпреварите уште од почетокот на 2025 година, како во елитниот ранг на натпреварување, така и во Втората лига, но и во младинските лиги.

 

Во дописот, арбитрите јасно ставаат до знаење дека доколку овие нивни барања не бидат прифатени, воошто нема да се делегираат судии за завршната фаза од првенството, како во плејоф, така и во плејаут натпреварувањето, но и во младинските лиги.

Останува да се види дали ќе се најде решение за овој проблем што дефинитивно е крајно сериозен, и тоа пред клучниот дел од сезоната.

Се вчитува...