Што се случува со Милан? Уште не излезени од соблекувална губат 0-2 (ВИДЕО)

Иако со доаѓањето на Консеисао на клупата на Милан веднаш стигна и првиот трофеј во Суперкупот на Италија, сепак португалскиот стратег не се покажа како добра опција за тимот од „Сан сиро“.

Милан игра катастрофално, а лошата форма ја пренесе и на вечерашниот дуел против Фиорентина. Уште не почнат натпреварот Милан веќе има негатива од 0-2 против Фиорентина.

Гостите од Фиренца поведоа со 0-1 со автоголот на Тио во 7. минута, а само три минути подоцна беше и 0-2 со голот на Кеан.

AC Milan 0 – [2] Fiorentina – Moise Kean 10'
byu/etclassico insoccer

Се вчитува...