Вардар на дуелот со Мешков Брест во Белорусија утре (18 ч.) ќе настапи со десеткуван тим и без првиот тренер, Роберто Парондо. За Белорусија отпатуваа само четворица ракометари од првиот тим (Недановски, Војводиќ, Поповски и Гедбан) и неколку играчи од младинскиот состав. На клупата на „црвено-црните“ ќе биде Билјана Црвенковска, а ќе и помага Стојан Петрушевски.
На официјалниот клупски сајт, потврдено е дека Вардар во Брест ќе настапи со „комбиниран состав“ во кој ќе недостасуваат повеќето првотимци, со објаснување дека поради репрезентативните обврски тимот не можел навреме да се комплетира.
Но, индикативно е дека освен играчите кои завршија со репрезентативните обврски, во Брест ќе го нема ни Роберто Парондо кој наместо да отпатува со екипата во Белорусија, остана во Скопје. Неофицијално, информациите од СЦ „Јане Сандански“ велат дека се работи за „разминување на ставовите“ на Парондо и спортскиот директор Едуард Кокшаров, а има извесен проблем и со „руското крило“ во составот.
Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар е утре со почеток во 16.15 часот. А, во сабота во Скопје, Вардар и Мешков Брест ќе го одиграат дуелот од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА