Што се случува со тестовите за Ковид-19: Сите фудбалери од младата репрезентација кои пред два дена беа позитивни, денеска се негативни!

Што се случува со тестовите за Ковид-19? Од Фудбалската федерација на Македонија информираат дека сите фудбалери од младата репрезентација кои пред два дена имаат позитивен тест на коронавирусот поради што беа изолирани од селекцијата, денеска се негативни.

„Навистина чудна ситуација. Сите фудбалери кои пред два дена имаа позитивен тест на Ковид-19 денеска на повторените тестирања се негативни“ – информираат од ФФМ.

А, на крајот од целата ситуација хендипирана беше младата репрезентација која работеше со преполовени сили пред последниот квалификациски натпревар против Црна Гора за пласман на ЕП, на кој се брка втората позиција во групата. Натпреварот меѓу репрезентациите до 21 година на Македонија и Црна Гора се игра во вторник (17. ноември) од 13:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Се вчитува...