Фудбалерите на Војводина ја победија Црвена Звезда во дербито на Суперлигата на Србија во Нови Сад со 3-2 во натпреварот од одложеното трето коло. Ова е трет кикс за Црвена Звезда во низа, по неуспесите против португалска Брага во Лигата на Европа и против Раднички.
Составот на Владан Милојевиќ доживеа нов дебакл, и покрај тоа што имаше водство од 0-2 на полувремето со головите на Катаи и Ивановиќ.
Но, во второто полувреме Војводина успеа да стигне до целосен пресврт со три гола. Погодија Мустафа во 53. минута, Ранѓеловиќ во 77. минута и Коларевиќ во втората минута од судиското продолжение на крајот.
По овој пораз, Црвена Звезда сè уште останува лидер, но израмнета по бодови со Партизан, кој најмногу профитираше од овој натпревар. Војводина е трета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

