Што се случува со Винисиус и Реал Мадрид?

Заминувањето на Винисиус Џуниор од Реал Мадрид и понатаму е топ тема во светот на фудбалот. Договорот на Бразилецот истекува за два години, а во моментот преговорите за продолжување на соработката се во мирување.

Причина за тоа се преголемите барања на еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака тој да остане дел од клубот и во иднина, но не по цена да добие договор каков што нема ниту еден друг фудбалер во клубот па да го наруши балансот во соблекувалната.

За 25-годишникот постои сериозен интерес од Саудиска Арабија од каде се споменуваат и понуди од 300 милиони евра за обесштетување и примања од милијарда евра на годишно ниво, понуда која е голема веројатност дека ќе биде прифатена доколку продолжат неуспешните преговори помеѓу Винисиус и Реал Мадрид.

Се вчитува...