Манчестер Јунајтед се соочува со огромни проблеми на резултатски план, но „црвените ѓаволи“ мака мачат и со бројните отсуства на стандардните првотимци поради повреда.
За главоболките на Тен Хаг да бидат уште поголеми, Нусаир Мазрауи во следните два месеца нема да може да настапува за овој клуб, и тоа поради сериозни проблеми со работата на срцето. Последните детални прегледи покажале дека Мазрауи има аритмија, и тоа повторување на стар проблем што го имал пред неколку години.
Британските медиуми најавуваат дека Мазрауи ќе има хируршки зафат за проблемот да се реши, а по два месеца ќе следат нови прегледи по кои ќе биде донесена одлука дали тој ќе може да се врати на терените.
Мароканскиот репрезентативец дојде на „Олд Трафорд“ пред самиот крај од преодниот рок од редовите на Баерн Минхен, беше стандардна опција како прв десен бек на стартот од сезоната, но Тен Хаг сега ќе мора повторно да ротира во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА