Што се случува на македонската фудбалска сцена во пролетниот дел од сезоната!? Нешто кое се нема случено во 30-годишната независност на македонскиот прволигашки фудбал! По напуштањето на теренот и откажувањето од лигата на ФК Воска Спорт минатото коло, денеска и ФК Гостивар, револтирани од судењето, предвреме го напушти теренот на натпреварот против Работнички во 29. коло од ПМФЛ! Два прволигаши во само две натпреварувачки кола се одлучуваат да се повлечат од натпреварувањето револтирани од судењето!
Гостиварци имаа предност од 1-0 на дуелот против „романтичарите“ од 67. минута со голот на Ирвин…
Но, во 76. минута Ирвин доби директен црвен картон, па гостиварци останаа со фудбалер помалку на теренот.
Со фудбалер повеќе Работнички веќе во 79.минута дојде до израмнување на дуелот со голот на Ангелов.
За да во 84. минута со погодокот на Дејли во 84. минута, Работнички дојде до целосен превсрт и водство од 1-2.
По овој погодок на Работнички, гостиварци револтирани од делењето на правдата одлучија да го напуштат теренот не сакајќи да продолжат.
На крајот и судиската тројка го напушти теренот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА