Најавеното заминување на Килијан Мбапе од редовите на ПСЖ веќе започна да се чувствува во Париз. Францускиот голгетер добива се помала минутажа и покрај тоа што е стартер. На вчерашниот натпревар против Марсеј кој заврши со победа од 2-0, 25-годишникот одигра само 65 минути со што продолжи серијата на натпревари на кои тој не игра 90 минути.
Најавената замена Французинот овој пат ја доживеа во шок и неверување, а негово негодување брзо се прошири на социјалните мрежи.
😳 La déception de Kylian Mbappé au moment de sortir à la 64e minute.#OMPSG pic.twitter.com/7tWfEOJFKq
— Prime Video Sport France (@PVSportFR) March 31, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА