Што се случуваше по крајот на дербито меѓу Интер и Јуве: Италијанската јавност се уште е во шок од хаосот (ВИДЕО)

Јувентус и Интер го одиграа првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија, кој заврши со резултат 1-1, што значи дека ќе имаме спектакл во реваншот на „Џузепе Меаца“. Сепак, немили сцени се случија во финишот на мечот по кои италијанската јавност и ден потоа се уште е во шок.

На крајот од натпреварот прво разговараа Самир Хандановиќ и Хуан Квадрадо, а кога искусниот словенечки голман се сврте, Колумбиецот го турна. И тогаш започна хаосот. Таму беше и Аркадијуш Милик, но кога Квадрадо го оттурна голманот од Словенија, Хандановиќ беше подготвен за борба! Дамфрис, Лукаку и другите играчи на Интер трчаа еден по друг, а потоа се приклучија и играчите на Јувентус.

Судијата веднаш на двајцата им покажа црвени картони, што значи дека нема да можат да играат на реваншот, но тоа не ги смири страстите. Уште при влегувањето во соблекувалната летаа искри меѓу играчите на двата тима.

 

Се вчитува...