Марко Росе повторно се наоѓа пред отказ во Лајпциг откако резултатската криза на овој бундеслигаш уште повеќе се продлабочи со вечерашниот домашен пораз од Мајнц од 1-2. Росе, тренерот кој упорно го игнорираше нашиот Елиф Елмас во тимот на Лајпциг, едвај преживеа зимава откако тимот испадна од ЛШ, а бележеше и променливи игри во Бундес-лигата. Ситуацијата за момент се подобри, но Лајпциг имаше четири реми на последните пет рунди во Бундес-лигата, за денеска да ги разочара своите навивачи на домашен терен.
За разочарувањето да биде уште поголемо, домаќините дури и први стигнаа до предност со голот на Чави Симонс уште во првата минута, но следеше големо разочарување, два гола на Мајнц во вториот дел за победа на гостинскиот тим.
Борусија Дортмунд за првпат сезонава врза две бундеслигашки победи во низа откако „милионерите“ триумфираа на гостувањето против Сент Паули со головите што ги постигнаа Гираси и Адејеми на стартот од второто полувреме.
Хофенхајм си ги зголеми шансите за опстанок по победата од 0-1 на гостувањето против Бохум, додека Борусија Менхенгладбах многу полесно од очекувањата ги освои трите бода на гостувањето против Хајденхајм (0-3).
Резултати Германија:
Хајденхајм – Борусија М. 0-3, Сент Паули – Борусија Д. 0-2, Лајпциг – Мајнц 1-2, Бохум – Хофенхајм 0-1, Вердер – Волфсбург 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

