Манчестер Јунајтед и дефинитивно ќе има проблеми и во оваа сезона, откако и денеска тимот загуби на гостувањето кај Брентфорд со 3-1. Уште еден пораз за Рубен Аморим кој е се поблиску до отказ од клупата на „Црвените ѓаволи“.
Игор Тијаго ги однесе „пчелите“ во водство уште во 8. минута, а потоа во 20-та минута додаде и втор гол, за уште поголем шок за Манчестер Јунајтед. На првиот гол грешка направи и Мегваер кој не излезе навреме, па Тијаго по додавање на Хендерсон успеа да стрела во мрежата. Во 20. минута целиот притисок на домашните се исплатеше. Шејд се проби по левата страна, шутираше, одбрани Бајандир, топката стигна до Тијаго кој одново погоди во мрежата на гостите.
Манчестер Јунајтед успеа да израмни во 26. минута од средбата, кога Доргу испрати висока топка, Келехер боксуваше до Шешко кој во вториот обид успеа да ја затресе мрежата на Брентфорд.
Ниту пенал не им помогна на фудбалерите на Манчестер да го избегнат поразот. Беше фаулиран Мбемо, а ударот на Фернандеш го одбрани Келехер.
Гостите беа сурово казнети кога во петата минута од судиското надополнување Јенсен со прекрасен удар го реши прашањето околу победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

