Никола Миротиќ денеска и официјално потпиша договор со Барселона, навлекувајќи го бесот на навивачите на Реал Мадрид. Шпанскиот репрезентативец како „дете на Реал“ замина во НБА-лигата откако освои една титула во АЦБ и два Купа на Шпанија, а по комплетирањето на денешниот трансфер мадридските медиуми објавија и една изјава на Миротиќ дадена пред седум години.
„Никогаш не би заминал да играм за Барселона. Јас сум „мадридиста“ и кога си толку приврзан кон Реал не можеш да заминеш во ривал како што е Барса“ – истакна Миротиќ во 2012 година, во гостување на една мадридска телевизија.
Очигледно е дека со времето Миротиќ ги промени своите ставови, но исто така и јасно е дека фановите на Реал нема да му го простат ова „предавство“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА