„Штркчињaта“ со фуриозно второ полувреме до голема победа над Вардар

Екипата на МЗТ Скопје 2 со неверојатна последна четвртина успеа да стигне до вредна победа против кошаркарите на Вардар од 89-86. Гостите подобро го отворија натпреварот и со одлична игра особено во втората четвртина, на полувреме заминаа со предност од плус 11 (39-50).

Домашниот тим во второто полувреме заигра далеку подобро. Во третата четвртина успеа да анулира дел од негативата на противникот, а во последните десет минути стигна и до целосен пресврт за трета победа сезонава со која се израмни со денешниот противник.

Монтгомери со 30 поени, надополнети со 11 скока и 2 асистенции беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Дикембе со 23 поени.

Се вчитува...