„Штрковите“ го прелетаа Гостивар

МЗТ Скопје стигна до нова победа во домашното првенство лесно совладувајќи го Гостивар со 57-77 во последниот натпревар од 4. коло.

По неефикасната прва четвртина која заврши со резултат 11-13, аеродромци влегоа во ритам, одиграа одличено во нападот и одбраната па стигнаа до убедлива предност од 25-41 на полувремето.

Третата четвртина ја отсликаа бројни грешка на двете страни со само 27 постиганти поени (13-14) па МЗТ Скопје ја задржа високата предност (38-55) пред влезот во последната четвртина која беше само формалност.

Со 12 постигнати поени Карахоџиќ беше лидер на Гостивар, додека Мек Смит го предводеше МЗТ Скопје со 14 поени. Крстевски и Мекаден додадоа по 12.

Се вчитува...