МЗТ Скопје се буди во вистински момент, па со победата над Работнички тимот на Ѓорѓи Кочов најави влегување во топ-форма токму во клучниот дел од сезоната – битката за титулата.
„Металците“ одиграа колективно, на моменти блесна и младиот Маслинко, покажувајќи квалитет кога ќе се верува во него (Кочов го вклучи во стартната петорка), а како пресудна се покажа одбраната, особено во второто полувреме.
Работнички може да извлече поука, а Докузовски сигурно ќе има на што да им укаже на своите избраници, особено доколку овие два тима се сретнат во големото финале. Сепак, најпрвин на ред се полуфиналните пресметки, кои со оглед на формата на четирите екипи сигурно ќе донесат одлична кошарка, каква што доликува на завршната битка на македонската кошаркарска сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА