Австрискиот прволигаш Штурм е заинтересиран во своите редови да го доведе македонскиот репрезентативен Енис Барди, пишува австрискиот медиум „Штурм Нец“. Третопласираниот тим во австриската Бундес-лига, кој напролет има намера да се бори за титулата заедно со Алтах, Салцбург и Австрија Виена има потреба од квалитетен плејмејкер, а во плановите на тренерот Франко Фода е токму Енис Барди. Сепак, медиумот наведува дека Штурм нема да може лесно да го купи Барди, кој неодамна се согласи да потпише нов договор со унгарскиот клуб Ујпешт.
Покрај Барди, на списокот на тренерот Фода се и австрискиот интернационалец Жолт Калмар, кој е член на бундеслигашот Лајпциг, но е позајмен во ФСВ Франкфурт, како и младиот фудбалер на Вашаш, Мате Вида.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА