Штутгарт е вториот финалист во Купот на Германија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Штутгарт се вторите финалисти во годинашното издание на Националниот куп на Германија откако вечерва славеа против Ред Бул Лајпциг со 3-1.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Стилер во 5. минута од натпреварот. На 2-0 зголеми Волтемејд во 57. минута. Гостите намалија на 2-1 преку Шешко во 62. минута, додека конечните 3-1 ги постави Левелинг во 73. минута.

Штутгарт во финалето ќе игра против третолигашот Арминија Билефилд која вчера го шокираше актуелниот шампион Баер Леверкузен.

Stuttgart [3]-1 RB Leipzig – Jamie Leweling 73'
byu/suedney insoccer

Се вчитува...