Штутгарт го отпушти тренерот Коркут

Раководството на Штутгарт му врачи отказ на тренерот Тајфун Коркут, очекуван епилог откако „швабите“ загубија со 3-1 од Хановер и паднаа на последното место на табелата.

„Недостигот на напредок на спортски план во текот на сезоната беше причина да се решиме на ваков чекор. Коркут го преззеде тимот минатата сезона и со одлична серија помогна да обезбедиме опстанок. Благодарни сме му, заедно со неговите помошници Арачиќ и Шерундоло, но сега е време да се разделиме“ – се вели во соопштението на раководството на Штутгарт.

Тренинзите на тимот во меѓувреме ќе ги води Андреас Хинкел, а главен фаворит за тренерското место во Штутгарт е Маркус Вајнцајрл, кој е без ангажман од заминувањето од Шалке.

Се вчитува...