Штутгарт продолжува со неверојатната сезона, па „швабите“ лани едвај се спасија од испаѓање, а сега веќе се сигурни учесници во Лигата на Шампионите за наредната сезона. Згора на тоа, со вечерашниот триумф над Аугсбург од 0-1 тимот на Штутгарт се искачи на второто место на табелата, прескокнувајќи го Баерн кој утре го игра својот меч од 33. рунда.
Штутгарт беше подобар ривал во голем дел од вечерашниот натпревар, а за триумф му беше доволен еден погодок. Тој беше дело на Гираси на самиот почеток од второто полувреме, со што репрезентативецот на Гвинеја стигна до својот 25. бундеслигашки погодок сезонава.
Со таква форма, не е случајно што за Гираси се интересираат десетина врвни клубови, а она што го прави особено интересен овој фудбалер е клаузулата од 17,5 милиони евра за која тој е достапен за трансфер во летниот преоден рок.
Новиот гол на Гираси за победа на Штутгарт можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА