Штутгарт го „реши“ Баерн, Дортмунд со „петарда“ за Аугзбург (ВИДЕО)

Фудбалерите на Штутгарт славеа со 3-1 на домашен терен против Баерн Минхен во дерби натпреварот од 32. коло во германската Бундеслига. Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со погодокот на Стергиу во 29. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел беше 1-1 откако за гостите стрелаше Хари Кејн од пенал во 37. минута.

Ново водсто за домаќините од 2-1 донесе Јеонг-Ву во 83. минута од натпреварот, додека конечните 3-1 беа дело на Силас во 93. минута.

 

Stuttgart [2] – 1 Bayern Munich – Woo-Yeong Jeong 83′
byu/etclassico insoccer

Борусија Дортмунд одигра одлично во последниот меч пред реваншот со ПСЖ во Лигата на шампионите, откако на домашен терен ја наполни мрежата на Аугзбург (5-1). Стрелци на головите за милионерите беа Моукоко на двапати и по еднаш Мален, Ројс и Нмеча. Единствениот погодок за гостите беше дело на Варгас.

Во останатите мечеви од понудата од 15.30 часот: Вердер – Борусија М. 2-2 и Волфзбург – Дармштад 3-0.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...