Штутгарт и Баер Леверкузен броеја до пет, три бода и за Вердер и Хофенхајм

Баер Леверкузен ја забележа и третата победа во Бундеслигата откако во 3. коло славеше на домашен терен против Дармштад со 5-1.

До победа со пет постигнати голови се радуваше и Штутгарт кој го преболе поразот во претходното коло со триумф од 5-0 против Фрајбруг.

Убедлива победа од 4-0 забележа и Вердер кој славеше со 4-0 против Маинц, а на три бода се израдува и Хофенхајм кој славеше со 3-1 против Волфсбург.

Со 2-2 ремизираа Аусбург и Бохум.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...