Штутгарт ја затвори вратата: Чурлинов нема шанси да се врати назад во Шалке

Дарко Чурлинов дефинитивно нема да се врати назад во Шалке во текот на летниот преоден рок. Ова е ставот на спортскиот директор на Штутгарт, Свен Мислинтат, кој ја затвори вратата за камбек на Македонецот во тимот од Гелзенкирхен.

„Постоеше опција за Чурлинов пак да оди во Шалке. Сепак, тие се жалеа дека немаат пари, па се случи да потпишат неколку фудбалери за одредена отштета, а воопшто не испратија понуда за Дарко. Затоа, оваа тема е затворена за мене, нема шанси Чурлинов да се врати назад“, истакна Мислинтат за германските медиуми.

Од формата на македонскиот репрезентативец се задоволни и членовите на стручниот штаб на Штутгарт, кои сега сериозно размислуваат да го задржат Чурлинов во својот тим и да му дадат шанса да се бори за првотимски статус.

Само за потсетување, Дарко Чурлинов беше одличен на вчерашниот меч меѓу Штутгарт и Валенсија (5-2), на кој Македонецот влезе во игра во второто полувреме и постигна еден гол и две асистенции.

Се вчитува...