Штутгарт со една нога повторно во Бундеслигата: Убедливо против Хамбург во баражот за опстанок (ВИДЕО)

Штутгарт е веќе безмалку до опстанок во Бундеслигата откако во првиот натпревар од бараж пресметката за опстанок славеше на домашен терен против Хамбургер со убедливи 3-0.

Штутгарт не дозволи никакво изненадување против третопласираната екипа од Втората лига на Германија најавувајќи ја победата со голот на Мавропанос уште во 1. минута од средбата.

Во првото полувреме домашните не реализираа и удар од белата точка, за да дефинитивниот триумф си го обезбедат со два брзи гола во второто полувреме. Најпрво погоди Вагноман во 51. минута а Гираси во 54. минута ги постави конечните 3-0.

VfB Stuttgart [1]-0 Hamburger SV – Konstantinos Mavropanos 1’
by u/Akame_xo in soccer

Се вчитува...