Штутгарт прв полуфиналист на Купот на Германија

Штутгарт е првиот полуфиналист во Купот на Германија, откако вечерва на свој терен со 1-0 го победија тимот на Аугсбург.

Клучниот момент кој го одлучи натпреварот се случи во 30. минута, кога Денис Ундав погоди во мрежата на гостите за водство, што на крајот беше и конечен резултат.

И покрај напорите во вториот дел гостите да израмнат, сепак, до тоа не дојде, па на крајот „швабите“ слават триумф и пласман меѓу најдобрите четири во Купот.

Се вчитува...